Екипата на Гостивар е првата што обезбеди пласман во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.
На завршниот турнирот што се одржува во Гевгелија, кошаркарите на Гостивар го совладаа ТФТ со 72-62 во првиот дуел од четвртфиналето.
По израмнетото прво полувреме кој тимот на ТФТ го доби со поен разлика 33-32, решавачка се покажа третата четвртина. Гостиварци ја решија во своја полза со 19-10 и во последната влегоа со +8. Тимот од скопската населба Тафталиџе постојано ја бркаше таа негатива, но противникот рутински ја одржуваше.
Гостивар заслужено се пласира во полуфиналето во кое за противник ќе го има подобриот од дуелот МКК Куманово – Кожув.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите Пелистер и Чаир и МЗТ Скопје – Работнички.