Екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа уште еден натпревар за паметење во Лигата на шампоните. Џуд Белингам повторно беше херој и донесе победа на Реал со 3:2 против Манчестер Сити иако домаќините два пати водеа.
Манчестер Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во 19.та минута. Реал преку Килијан Мбапе изедначи во второто полувреме во 60-та минута.
Најголемите возбудувања ги видовме во завршните минути од натпреварот. Прво, Халанд од пенал во 80.минута повторно му донесе предност на Сити. Но, тоа не го поколеба европскиот шампион Реал во 86.минута израмни на 2-2 преку Брахим.
Кога сите очекуваа дека со тој резултат ќе заврпи натпреварот, на сцена стапи Белингам. Англичанецот во судиското продолжение во (90+2) му донесе голема победа на Реал со 2-3.
Така Реал на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ пред својата публика ќе стартува со еден гол предност.
Ваквиот резултат, но и прикажаната игра ветува уште поинтересен реванш дуел што ќе се игра следната среда (19 февруари) во Мадрид.