Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, па така е и денеска.

На најновата АТП ранг листа мали промени меѓу десетте најдобри.

На врвот и натаму убедливо прв е Италијанецот, Јаник Синер пред Александер Зверев и Карлос Алкараз. По ова трио следуваат Тејлор Фриц и Каспер Руд.

Алекс ДеМануир кој играше во финалето на турнирот во Ротердам каде загуби од Алкараз, сега е на петата позиција. Австралиецот направи скок од две места, потиснувајќи ги Новак Гоковиќ на седмото и Данил Медведев на осмото место.

Листата на десет најдобри ја заокружуваат Томи Пол и Андреј Рубљев.