По зимската пауза започнува пролетниот дел од сезоната во женската супер лига и битката во плеј-офот. Третото коло од плеј-офот ни носи два возбудливи дерби натпревари.

Екипата на Чаир ќе гостува кај тимот на Астибо во Штип. Натпреварот е закажан со почеток од 12 часот. Во овој натпревар, Чаир влегува како фаворит и се очекува лесно да дојде до убедлива победа.

Првиот дерби дуел од ова коло ќе го одиграат екипите на Куманово и Металург Автокоманда. Кумановки ќе го пречекаат Металург во салата ,,Перо Наков” со почеток од 12 часот. Двете екипи се подготвени за жестока борба, свесни дека секој бод е клучен во трката за врвот.

Вардар и Ѓорче Петров ќе се соочат во второто дерби од ова коло. Натпреварот е закажан со почеток од 13 часот и ќе се одигра во „Круме Кепески”. Оваа пресметка ќе биде уште еден голем тест за двата тима во нивната борба за место во плејофот.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров  5 бодови, Металург Автокоманда 5, Чаир 3, Вардар 1, Куманово 1, Астибо 0.

Трите натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Ивона Кимовска