Пет натпревари ќе се одиграат денеска во Првата машка кошаркарска лига. Со нив ќе биде заокружено 17-коло во кои вчера Гостивар го победи шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Денешната програма стартува точно напладне со дуелот во СЦ „Јане Сандански“ каде вицепрвакот Пелистер му гостува на Феникс. Час подоцна во Кисела Вода, ќе играат Вардар и Чаир.

Дербито на денот, но и колото, ќе се игра во СЦ „Кале“, каде второ пласираниот ТФТ го пречекува Работнички вој е трет на табелата.

Во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува Шкупи кој врза три победи во низа. Во последниот натпревар МКК Куманово пред своите симпатизери ќе го угости гевгелиски Кожув.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17 коло
денеска – сабота 8 февруари

12.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
13.00 ВАРДАР – ЧАИР
17.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
18.00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КОЖУВ
вчера
ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 60-55

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 бодови, ТФТ 27, Работнички 26, Кожув 26, МКК Куманово 26, Пелистер 26, Чаир 24, Гостивар 23, Феникс 23, Тиквеш 22, Шкупи 22, Вардар 16.