Вицепрвакот Пелистер никако да излезе од летаргијата во која се наоѓа во вториот дел од сезоната на Првата кошатркарска лига.
Битолчани попладнево се поразени на гостувањето во Скопје од Феникс со 85-77.
По израмнетото прво полувреме во кое ниту една од екипите на успеа да создаде поголема предност, решавачки се покажа третиот квартал. Домашниот состав на Феникс го доби со 19-12, па во последната четвртина влезе со +8 (68-60). Имаа домаќините и најголеми на натпреварот +9, предност кога гостите од Битола не успеаја да ја надополнат.
Тимот на Феникс ја врза четвртата победа во низа со која напредуваше за две позиции на табелата. Пелистер од друга страна, го претрпе четвртиот пораз на петте натпревар во вториот дел од сезоната.
Денеска се играат и останатите четири натпревари од ова коло, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17 коло
денеска
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 85-77
13.00 ВАРДАР – ЧАИР во тек
17.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
18.00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КОЖУВ
одиграно вчера
ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 60-55