Со натпреварот што ќе се игра во гостивар попладнево, ќе биде отвоирено 17.коло во Првата машка кошаркарска лига.
Во него, екипата на Гостивар го пречекува актуелниот шампион и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром. Двата тима во овој натпревар влегуваат во дијаметрално различна форма, во вториот дел од сезоната.
Гостивар е во низа од четири порази, а аеродромци имаат четири победи по ред. Со севкупно пет победи, Гостивар е претпоследен, па го очекува тешка борба за место на табелата што води во разигрувањето. Затоа на секој натпревар од преставите шест кола за гостиварци императив е победа.
МЗТ Скопје е на две победи пред второ пласираниот ТФТ. Аеродромци со секој нареден триумф ќе бидат чекор поблиски до „пол-позицијата“ пред разигрувањето.
Денешниот дуел меѓу Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром ќе почне од 17 часот. Останатите натпревари од оваа рунда ќе се играта утре, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17 коло
Петок 7 февруари
17.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Сабота 8 февруари
12.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
13.00 ВАРДАР – ЧАИР
17.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
18.00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КОЖУВ
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 29 бодови, ТФТ 27, Работнички 26, Кожув 26, МКК Куманово 26, Пелистер 26, Чаир 24, Феникс 23, Тиквеш 22, Шкупи 22, Гостивар 21, Вардар 16.