Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2025 година.
Нашите кошаркарки гостуваат во Белград кај селекцијата на Србија.
Противникот секако е апсолутен фаворит во овој дуел, а тоа го потврдува и со максималниот ефект во групата Г. Досега Србинките не знаат за пораз и ги добија сите четири одиграни натпревари.
Од друга страна, Македонија е на дното на табелата со порази на сите четири одиграни дуели. Затоа, исходот и на денешниот меч е повеќе од предвидлив,. Сепак за селектор Ашаданов и неговите избранички најважно е да се прикажат во добро издание и да покажат дека можат со најдобрите.
Како ќе изгледа тоа на теренот, останува да видиме во натпреварот што ќе почине во 18 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
Последниот натпревар против Украина македонските кошаркарки ќе го играат во Рига, во недела (9 февруари) од 19 часот.