Македонската футсал репрезентација забележа нов пораз квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Во натпревар од 4.коло избраниците на селекторот Васко Скендеровски во Лисабон беа поразени од актуелниот европски првак Португалија.

Во претходното коло од квалификациите, на домашен терен во Скопје, Македонија загуби од Португалија со убедливи 5:1. Овојпат црвено-жолтите се поразени до 3-0.

Хуго Мигел ја доведе Португалија во предност од 1:0. Истиот играч го постигна и вториот погодок за Португалија за зголемуавање на предноста. Конечните 3:0 ги постави Бруно Коељо.

Во досегашниот тек од квалификациите, Македонија има скор од три порази и еден нерешен резултат.