Сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе се собере во Скопје, во предсрет на двата последни натпревари во евро-квалификациите.

Македонските кошаркарки во четврток и недела ќе ги играат дуелите со Србија и Украина, двата на гостински терен.

Селекторот Александар Ашаданов, денеска ќе ја има прозивката на кошаркарките кои се најдоа на неговиот последен списокот на кој се вкупно 18 повикани. Собирот е закажан во СЦ „Кале“ во Скопје во 14 часот.

Првиот натпревар против Србија, македонските кошаркарки ќе го играат на 6 февруари во Белград од 19 часот. Три дена подоцна (9 февруари) во Рига ќе следува дуелот против Украина.