Пет од шесте натпревари од 16.коло во Првата машка кошаркарска лига ќе се играат денеска.

Програмата ќе ја отворат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и екипата на Чаир со натпреварот во СЦ „Јане Сандански“. Во истата сала вечерва ќе играат и Феникс – Тиквеш. Тоа е дуел на екипите кои се борат за место во плеј-оф конкуренцијата.

Дербито на ова коло ќе се игра во Гевгелија. Таму четврто пласираниот Кожув го пречекува Пелистер кој е на третото место на табелата. Интересно се очекува да биде и во Гостивар каде истоимената домашна екипа ќе ги брка двата бода во дуелот со се подобриот МКК Куманово.

Последниот натпревар од ова коло меѓу Шкупи и второ пласираниот ТФТ ќе се игра утре.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16 коло

Сабота 1 февруари
17.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР
17.00 ГОСТИВАР – МКК КУМАНОВО
17.00 РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
18.00 КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР
20.00 ФЕНИКС – ТИКВЕШ
Недела 2 февруари
18.00 ШКУПИ – ТФТ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 27 бодови, ТФТ 26, Пелистер 25, Кожув 24, Работнички 24, МКК Куманово 24, Чаир 23, Тиквеш 21, Феникс 21, Гостивар 20, Шкупи 20, Вардар 15.