Манчестер Сити против актуелниот шампион Реал Мадрид ќе играат во првата нокаут рунда на фудбалската Лига на шампиони.

Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА. Само еден од двата тима, кои пред сезоната важеа за главни конкуренти за трофејот, ќе имаат шанса да го остварат тоа. Ова откако англискиот првак Манчестер Сити едвај обезбеди место во нокаут фазата, а ништо подобар не беше ниту Реал.

Од останатите парови издвојуваме две италијанско-холандски пресметки, Милан – Феенорд и Јувентус – ПСВ.

Првите натпревари ќе се играат на 11 и 12 февруари, а реванш дуелите се седум дена подоцна (18 и 19 февруари).

Директен пласман во осминафиналето веќе обезбедија осумте првопласирани екипи од групната фаза. Тоа се екипите на: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико, Леверкузен, Лил и Астон Вила, директно се пласираа во осминафиналето.

ДВОЈКИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕТО

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД
СЕЛТИК – БАЕРН МИНХЕН
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
МИЛАН – ФЕЕНОРД
ПСВ – ЈУВЕНТУС
БРЕСТ – ПСЖ
МОНАКО – БЕНФИКА