Со одигрувањето на натпреварите од последното 8.коло во групната фаза познати се сите 24 екипи кои ќе продолжат во првата нокаут-фаза на Лигата на шампиони.

Динамо Загреб иако го победи Милан со 2-1, сепак хрватскиот тим извиси и ја заврши сезоната. Тоа благодарение на пресврт победата на Манчестер Сити над Бриж со 2-1, како и нерешениот резултат на дуелот Спортинг – Болоња 1-1. Така место меѓу 24-те екипи обезбедија англискиот шампион, португалскиот тим од Лисабон и белгискиот Бриж.

Екипите кои се на првите осум позиции: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико, Леверкузен, Лил и Астон Вила, директно се пласираа во осминафиналето.

Сити против Реал или Баерн, можно италијанско дерби

Затоа пак во првата елиминациска рунда не очекуваат големи возбудувања. Можи се неколку дерби дуели на гигантите кои пред сезоната беа меѓу фаворитите за највисок пласман.

Така Манчестер Сити за можни противници ги има Реал Мадрид или минхенски Баерн. Постои и веројатност во 1/16-финалето да гледаме и италијанска пресметка меѓу Милан и Јувентус.

Кој против кого ќе игра во првата елиминациска рунда ќе дознаеме утре напладне (12 часот), за кога е закажана ждрепката.

МОЖНИ ДВОЈКИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕТО

Реал Мадрид / Баерн Минхен – Селтик / Манчестер Сити
Милан / ПСВ – Феенорд / Јувентус
Аталанта / Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон / Бриж
ПСЖ / Бенфика – Монако / Брест