Македонската футсал репрезентација ги одработува завршните подготовки во пресрет на двата квалификациски натпревари проти Португалија.
Репрезентацијата предводена од селектор Васко Скендеровски веќе неколку дена е во СЦ „Јане Сандански” каде ќе го игра првиот меч.
Актуелниот европски шампион и поранешен светски првак Португалија секако важи за апсолутен фаворит.
Сепак од таборот на македонската селекција која ќе настапи десеткувана, немаат намера да излезат со „бело знаме“.
Напротив селекторот Скендеровски очекува од неговите избраници голема борба.
Дуелот меѓу Македонија и Португалија во квалификациите за Европско првенство 2026, ќе се игра во утре (сабота) од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.