Двете млади ракометни репрезентации на Македонија ги дознаа противниците за претстојните големи натпреварувања.
Младинците (селекцијата до 21 година) предводена од Радослав Стојановиќ ќе настапува на Светското првенство во Полска.
Македонија ќе игра во групата Ф против селекциите во Катовице, каде за противници ќе ги има Исланд, Романија, како и селекцијата што ќе добие вајлд-карта од ИХФ. Нема да биде изненадување доколку тоа е уште една европска селекција.
Шампионатот ќе се игра од 18 до 29 јуни во Катовице, Плоцк, Келце и Сосновиец.
СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНЦИ (У21)
Група А: Норвешка, Полска, Словенија, Уругвај
Група Б: Австрија, Унгарија, Аргентина, Бразил
Група Ц: Шведска, Јапонија, Јужна Кореа, САД
Група Д: Португалија, Хрватска, Алжир, победник на ИХФ трофеј
Група Е: Данска, Франција, Мароко, Мексико
Група Ф: МАКЕДОНИЈА, Исланд, Романија, добитник на „валјд карта“
Група Г: Германија, Тунис, Србија, Швајцарија