Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе има можност да игра пред битолската публика.

Денеска битолчани се „пофалија“ дека ќе бидат домаќини на најдобрите македонски ракометарки во квалификациите за Светското првенство.

Во објавата на Општина Битола, се вели дека салата „Боро Чурлевски“ е подготвена да ги пречека и поддржи македонските ракометарки. Тие на 12 април ќе го играат реванш натпреварот од баражот за Мундијалот во Холандија и Германија, против селекцијата на Полска. Три дена претходно македонските ракометарки ќе гостуваат во Полска.

Инаку ова ќе биде прв натпревар на една сениорска македонска репрезентација надвор од главниот град (Скопје).

Последниот натпревар кој македонските ракометари го играле во Битола, беше дуелот на машката селекција која ја совлада Турција.