Кошаркарските второлигаши викендов го почнаа вториот дел од сезоната.
Во првите четири одиграни натпревар од 12.колко се случи и првото изненадување. За тоа се погрижија младите кошаркари на Водно Санс кои го совладаа тимот на Црн Дрим кој имаа вискоки амбиции.
Водечкиот тандем на табелата, Ангели и Соколи славеа победи против Борец баскет и Бутел. Дуелот на вторите екипи на вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички им припадна на аеродеромци.
Денеска ќе се играат останатите два натпревари. Во Струмица тимот на ФМП го пречекува прилепски Мега баскет, а Маџари на домашен терен игра со Охрид.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Денеска (недела)
13:00 СТРУМИЦА ФМП – МЕГА БАСКЕТ
19:00 МАЏАРИ – ОХРИД
Одиграно вчера (сабота)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018 86-69
АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 87-71
СОКОЛИ – БУТЕЛ 87-76
ВОДНО САНС – ЦРН ДРИМ 96-90
ТАБЕЛА: Ангели 22 бодови, Соколи 22, Борец баскет 20, Црн Дрим 19, Маџари 19 (-1 натпревар помалку), МЗТ Скопје У.Б. 18, Бутел 17, Охрид 16 (-1), Мега баскет 16 (-1), Работнички 2018 14, Партизан Водно Санс 14, Струмица ФМП 12 (-1).