Викендов во машката кошаркарска Прва лига на програмата се натпреварите од 15-тото коло.
Иако за вчера во малата сала на СЦ „Кале“ требаше да се одигра дуелот меѓу Вардар и Шкупи, тој е презакажан за денеска.
Во објектот во кој досег се играа прволигашки, но и натпревари со меѓународен карактер под капата на ФИБА, сега не може да се игра прволигашка кошарка.
Терањето „инает“ во мак-баскетот не престанува!!!
Ова откако МКФ реши стриктно и ригорозно да ги применува прописите и правилата.
До пред одржувањето на годишното собрание кое беше вистинско фијаско, николку не ми пречеа помалкуте сантиметри од записничката маса до аут линијата. Но сега се проблем, па поради немање технички услови во оваа култна сала неможе да се игра прволигашка кошарка, но затоа за младинските категории не е проблем.
Што се однесува до натпреварите. Работнички вчера како гостин го совлада Чаир, а ден порано тоа го стори и Феникс против ТФТ. Денеска покрај дуелот Вардар – Шкупи ќе се играат и останатите три натпревари.
Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15 коло
Недела
17.00 ТИКВЕШ – КОЖУВ
18.00 ВАРДАР – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.30 ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
Одиграно вчера (сабота)
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 95-102
Одиграно во петокот
ТФТ – ФЕНИКС 73-75