Со одигрувањето на вечерните натпревари комплетиран е списокот на осумте селекции кои ќе играат во нокаут-фазата на ракометниот Мундијал.
Репрезентацијата на Хрватска со победи над Словенија го затвори тој список. Ко-домаќинот на шампионатот славеше со 29-26 и го освои првото место во својата група.
Популарните „Каубои“ со тоа закажаа дуел во четвртфиналето против Унгарија која беше второ рангирана во групата со Македонија.
Победникот од тој дуел во полуфиналето оди на мегдан на подобриот од мечот Франција – Египет.
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од четвртфиналните дуели Данска – Бразил и Португалија – Германија.
Утре е слободен ден на првенството, а четвртфиналните натпревари ќе се играат во вторник и среда (28 и 29 јануари).