Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и директорот на национални репрезентации, Горан Пандев беа гости на Фудбалската федерација на Германија по повод одбележувањето 125 години од основањето на германскиот Сојуз.
На свеченоста што се одржа во Лајпциг, на присутните гости им се обрати германскиот канцелар Олаф Шолц.
Меѓу бројните гости беа претседателите на ФИФА, Џани Инфантино и УЕФА, Александар Чеферин, многу легендарни асови на германскиот и светскиот фудбал Руди Фелер, Јирген Клинсман, Лотар Матаус, Филип Лам, Андреј Шевченко…како и семејството на легендарниот Франц Бекенбауер.
Првите луѓе на македонскиот фудбал, ја искористија можноста да разговараат со раководството на УЕФА и други национални асоцијации. Беа разменети првични искуства за претстојните предизвици во Лигата на нации и почетокот на квалификациите за СП 2026, како и тековни проекти во рамки на ФФМ.