Македонската машка репрезентација, вечерва ќе го игра последниот натпревар на Светското ракометно првенство во групоната фаза, а дали ќе игра и четвртфинале, останува да се види.
Шансите за место меѓу осумте најдобри на Македонија остануваа по завршувањето на првиот меч од последното 3.коло во групата 2, во кој Холандија и Австрија одиграа нерешено 37-37.
Холанѓаните сега се трето пласирани (5 бодови), а пред Македонија со еден бод помалку (4).
Сега на македонските ракометари им е потребенм подвик, односно сензација да ја победат Франција.
Дури и доколку црвено-жолтите направат ја совладаа Франција, Холанѓаните ќе завршат пред нас со ист број бодови (5). Сепак, поради нивниот триумф над Македонија Холанѓаните би биле подобро пласирани.
Но постои уште еден услов, исходот од мечот Унгарија – Катар. За Македонија да остана во игра за второто место, Унгарците не смеат да слават победа над Катар во мечот од 18 часот.
Дури по него ќе знаеме дали Македонија останува во трка за четвртфиналето или не. Дуелот Македонија – Франција ќе почне од 20.30 часот.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА