Во последниот натпревар од групната фаза вечерва во „Вараждин Арена“ Македонија ќе игра против актуелниот европски шампион Франција, една од најдобрите репрезентации.
Воедно „триколорите“ се веќе пласирани во четвртфиналето како првопласирани од групата 2 од Вараждин.
За Македонија да успее да се пласира во четвртфиналето потребно е во прилог да ни се и резултатите од првите два денешни мечеви; прво Холандија да не победи против Австрија, а потоа и Катар да ја совлада Унгарија, за на крајот Македонија да оди на победа против Франција.
На петте досега одиграни дуели Македонија има еден пораз од Холандија, две победи (Гвинеја и Катар), како и две нерешени со Унгарија и со Австрија. Добрите игри на сите натпревари на македонскиот национален тим досега се секако желба да бидат повторени и против најдобрата репрезентација – Франција. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров едноставно нема што да загубат во дуелот со Франција.
„Триколорите“ пак со максимален учинок и убедливи победи на сите натпревари досега влегуваат во дуелот со Македонија, секако селекторот Жил веќе ги подготвува играчите и за четвртфиналето во Загреб. По лошиот настап на Олимписките игри во Париз каде беа фаворити, а загубија во четвртфиналето од Германија „триколорите“ секако посакуваат златен медал за рехабилитација.
Досега Македонија и Франција имаат одиграно четири меѓусебни дуели и на сите четири победи победа има Франција.
МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 23:30 (Краков, ЕП 2016)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 25:27 (Скопје, квалификации за ЕП)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 35:24 (Тулуз, квалификации за ЕП)
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 29:39 (Диселдорф, ЕП 2024)
Натпреварот Македонија – Франција во Вараждин почнува во 20:30 часот, а претходно од 15:30 часот играат: Холандија – Австрија и од 18 часот е дуелот Унгарија – Катар.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА