Никола Јокиќ продолжува со неверојатните свои настапи во НБА лигата.

Србинот ноќеска остари нов троен ефект со кој го предводеше Денвер до победа над Сакраменто со 132-123.

Јокиќ натпреварот го заврши со 35 поени Србинот имаше 22 скока и дури 17 асистенции, остварувајќи го својот 20 трипл-дабл сезонава, најмногу во лигата.

Со тоа Србинот, стана вториот кошаркар покрај легендарниот Вилт Чембрлен кој постигна 35+ поени, имал 20+ скока и 15+ асистенции.

На крајот на третата четвртина Јокиќ погоди кош со звук на сирената од својата половина. Американците веднаш излегоа со податок дека тоа е шестиот најдолг прецизен шут во историјата на НБА.