Претставникот на Азија селекцијата на Катар е петтиот ривал на Македонија на Светското првенство 2025.
Во Вараждин попладнево македонските ракометари ќе го играат првиот официјален дуел со оваа репрезентација. За Катар ова е 10.то учество на Светско првенство, а тие се единствената неевропска држава со медал во 2015 година кога беа домаќини, притоа имаат и две осми места, а на последниот ракометен мундијал беа пласирани на 22.то место.
Катар воедно е шесткратен шампион на Азија во континуитет од 2014 година до 2024 година.
Катар е најискусната репрезентација предводена од поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ. Еден од главните играчи сеуште е Жарко Марковиќ, поранешен играч на Металург во периодот кога оваа скопска екипа имаше шампионски тим.
За нашата репрезентација е јасно дека само со игра на највисоко ниво може да стигне до позитивен резултат, а многу пофални зборови за напредок во играта на македонската репрезентација стигнаа и од селекторот на Катар Вујовиќ.
На ова првенство Катар постигна една победа против Кувајт (25:22) во директниот дуел за пласман во главната фаза, а во групата претрпе порази и од Франција (19:37) и од Австрија (26:28). Во натпреварот од главата фаза загубија од Холандија (37:38).
Натпреварот Македонија – Катар се игра во „Вараждин Арена“ и почнува во 15:30 часот.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА