Прва победа за македонската репрезентација на Светското првенство 2025-та. Во Вараждин Арена вечерва беше совладана репрезентацијата на Гвинеја со 29:20 (14:10). Со овој триумф Македонија го потврди пласманот во втората фаза на шампионатот.
Селекторот Лазаров во денешниот натпревар во кој Македонија беше фаворит направи неколку измени во почетниот состав, Кузмановски – Ѓоргиев – Јагуриновски (бекови), Костески и Павле Атанасијевиќ, Лазаревски (пикер) со Кизиќ на голоти и во одбрана Маркоски. Митев за овој натпревар остана на трибините,а шанса доби Карасманакис.
На почетокот на натпреварот противникот имаше водство од 1:0 и 2:1, но во 8.минута Македонија го презеде водството со 3:2 по првата мини серија од два гола. Но, противникот не дозволи да се одлепиме, резултатот повторно беше изедначен до 7:7. По првото исклучување за Гвинеја во 22.минута поведовме за првпат со два разлика – 9:7. Во продолжението на првиот дел Кизиќ успеа да „врзе“ четири одбрани и Македонија поведе со 13:8 во 27.минута што беше и наше највисоко водство. На полувреме Македонија водеше со 14:10.
Разликата во квалитет на виделина испадна на почетокот на вториот дел кога македонските репрезентативци направија серија од 6-1 за десет минути, период кога и Кизиќ „запиша“ уште шест одбрани или вкупно 12. Набрзо потоа Македонија стигна и до девет разлика што беше највисоката предност во пресрет на завршните десет минути.
Најефикасен во Македонија беше капитенот Филип Кузмановски со 12 голови, додека голманот Марко Кизиќ дуелот го заврши со 15 одбрани.
Македонија во следната (главна) фаза ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и на Катар, а точниот распоред ќе биде познат по завршувањето на дуелот меѓу Унгарија и Холандија кога ќе се знае и конечниот пласман во групата Д во Вараждин.