Македонија ја оствари првата победа на шампионатот, но она што е поважно во пресрет на дуелите од втората фаза репрезентацијата денеска ја потврди фаворитската улога со аутсајдерот Гвинеја притоа остана свежина за претстојните натпревари.
Добра е победата која сите ја посакувавме, како за нас така и за навивачите, но она што е поважно на овој дуел е што ја игравме нашата игра и успеавме да останеме свежи за следните дуели. На моменти и не беше лесно, но добро што можевме да ротираме.
Секако во следната фаза не очекуваат и потешки натпревари со репрезентациите на Австрија, Катар и Франција,
изјави десниот бек на Македонија Мартин Серафимов.