По дуелот со Гвинеја и првата победа 29:20 селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров го пренесе своето видување.

„Задоволен сум од исходот од првата фаза и како што одигравме на натпреварите.

Денеска успеавме и малку да ги одмориме клучните ракометари. Митев има ситна повреда и прашање ќе беше дали денеска ќе играше, но сепак некои од играчите „одморија“, а имавме и добра ротација.

Во секој случај го одиграме добро овој натпревар“, потенцираше Лазаров.

Во следната фаза противници ќе ни бидат репрезентациите на: Австрија, Катар и Франција.

„Треба добро да се подготвиме за следниот дуел иако немаме многу време (најверојатно Австрија.

Добро што по денешниот дуел сме свежи, ова е веќе репрезентација која може да биде конкурентна на секој.

Нешто што треба да подобриме во однос на првата фаза е реализацијата, тоа го знаат и ракометарите. Ако ја подобриме имаме шанси за добри резултати и против ривалите во следната фаза“, заврши селекторот.