Македонската репрезентација во Вараждин вечерва ја постигна првата победа на првенството совладана беше Гвинеја со 29:20.

Pоследниот гол на дуелот го постигна Игор Ѓоргиев, кој беше стрелец на три голови.

Чест е да се игра во македонскиот дрес пред македонските навивачи, кои се секаде и секогаш ја бодрат репрезентацијата.

Денешниот дуел го одигравме како што требаше и со утрешниот слободен ден да бидеме што посвежи за следната фаза, каде не очекуваат дуелите со Австрија, Франција и Катар, истакна средниот бек на македонската репрезентација.