Кошаркарите на МЗТ Скопје го добија вечното македонско дерби против Работнички .
Во дуелот од 14.коло на Првата лига одигран во СЦ Јане Сандански, актуелниот шампион МЗТ славеше со 75-63 .
Во најголемиот дел од првиот дел гостите гостите беа оние кои водеа. Во осмата минута следуваше прекин на натпреварот поради фрлени петарди од страна на гостинските навивачи. Работнички ја доби четвртината со девет поени разлика 17-26. Аеродромци беа оние кои постојано бркаа негатива, најголемата беше 12 поени. Во 16-тата нов прекин и повторно поради ,,Сити Парк Бојс”” . Овој траеше подолго, се до нивното отстранување од салата, па двата тима се повлекоа во соблекувалните. Прекинот беше на штета на Работнички кој на паузата замина само со два поени предност 42-44.
Во второто полувреме, односно 25.минута аеродромци го свртеа резултатот во своја полза. Како го презедоа водството кошаркарите на МЗТ не го испуштија до крајот и заслужено се радуваа на новата победа.
Најефикасен во победничката екипа беше Војдан Стојановски со 20, Крстевски постигна 14 поени, а на Маслинско му фалеше скок за давл-дабл (11 поени и 9 сккови). Прв стрелец во поразениот тим беше Стојан Ѓуровски со 18 поени.