На Светското првенство за ракометари денеска на програмата се нови осум натпревари.
За нас (македонската репрезентација) секако поголемо внимание ќе привлечат дуелите од Ц групата што се игра во Пореч. Оттаму ќе дојдат противниците на Македонија во втората рунда на шампионатот, македонските ракометари тоа треба да го изборат утре против Гвинеја.
Сигурни во втората фаза се Франција и Австрија кои денеска играа меѓусебен дуел по кој ќе се знае која селекција колку бодови ќе префрли во следната рунда. Во вториот натпревар Катар и Кувајт во меѓусебниот натпревар ќе решаваат за третиот патник од оваа група.
Иста е ситуацијата и во Б групата во Хернинг во која Данска (актуелниот светски првак) и Италија решаваат за првото, а Алжир и Тунис за третото место.
Во другите две групи во Осло и Загреб ќе се играат натпревари од второто коло.
ДЕНЕСКА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Група Б (Хернинг) 3. коло 18:00 АЛЖИР – ТУНИС 20:30 ДАНСКА – ИТАЛИЈА | Група Ц (Пореч) 3. коло 8:00 ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА 20:30 КАТАР – КУВАЈТ |
Група Ф (Осло) 2. коло 18:00 ШПАНИЈА – ЈАПОНИЈА 20:30 ЧИЛЕ – ШВЕДСКА | Група Г (Загреб) 2. коло 18:00 ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – СЛОВЕНИЈА 20:30 ИСЛАНД – КУБА |