Ракометната федерација на Македонија – РФМ ќе понесе жалба по однос на судењето на денешниот натпревар на Светското првенство против Холандија на данските судии Мадс Хансен и Јаспер Мадсен. Информацијата ја сподели генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски.
Досега ретко сме се жалеле, можеби двапати досега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, а без разлика на исходот, Македонија победи“, вели Милошевски.
На натпреварот Холандија имаше 12 седмерци, а Македонија шест исклучувања, два црвени картона и една казна од две минути за клупата на Македонија, што се вкупно 18 минути играч помалку.