Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин загуби од Холандија со 37:32, во чудни околности во кои противникот имаше голема помош од данските судии.
Беше навистина чудно да се игра ваков натпревар. Судиите имаа чудни одлуки, едноставно не бевме во можност да ја прикажеме нашата игра. Во финишот на првиот дел малку „излеговме“ од фокус, а тоа го искористи Холандија и ја направи клучната предност, која успеа да ја зачува и до самиот крај, изјави Марко Митев