По натпреварот со Холандија и поразот од 37:32 разочарувањето беше присутно и во таборот на македонската репрезентација што беше и очекувано, но не толку од поразот од противникот колку од судиските одлуки на данската судиска двојка.

„Навистина е тешко да се води екипа или репрезентација кога има ваков критериум на судење, кога противникот има 12 седмерци, а ние 9 исклучувања.

Едноставно колку и да се подготвувавме навистина беше тешко. Холандија беше подобар репрезентација и ние тоа го знаевме, очекувавме тежок натпревар, но бевме подготвени и за позитивен резултат.

Едноставно играчите беа добро подготвени, очекувавме ваков натпревар со многу полуконтри и брз центар“,
изјави по дуелот селекторот Лазаров.

Сепак шансата за пласман во следната рунда македонските ракометари ќе ја имаат во недела против Гвинеја.