Откако КК Пелистер се пожали за условите за играње на натпреварите, Македонската Кошаркарската Федерацијата (МКФ) направи инспекции. Денеска со заклучок се огласи МКФ, а по средбата со Прволигашите.

Според извештајот, шест сали ги исполнува условите од Категорија 1.

Двете сали во СЦ „Јане Сандански“, и училишната „Шабан Трстена“ во Скопје, како и кавадаречкиот „Јасмин“ и гевгелиската „26 Јули“ и битолската „Боро Чурлевски“ ги исполнуваат условите.  

Во оние во Куманово „Перо Наков“, гостиварската „Младост“ и малата сала „Кале“, не може да се игра прволигашка кошарка. Забелешката за нив се однесува до техничките уреди, како и тесниот простор од теренот до публиката и записничката маса. 

Што се однесува до температурата, односно ладните сали, комисијата не се произнесе. Само наведени се условите (температурата) која е пропишана во пропозициите. Не помалку од 12 стени треба да биде температурата во салата (тоа е далеку помалку од правилата на ФИБА), за да се игра кошаркарски натпревар. 

Излегува дека, пелистерци и останатите екипи кои го поддржаа нивното барање, бадијала алармирале за условите за игра. 

Но она што е донесено како заклучок е дека доколку, не се исполни условот околу температурата, гостинската екипа може да бара одложување. Во рок од 24 часа, домаќинот треба да најде топла сала. Доколку не го стори тоа ќе го изгуби натпреварот со службен резултат. Е сега, во две такви ситуации (службен пораз), следува преселба во понизок ранг на натпреварување. 

Според ова, молете се да има топло време, за сезоната во Првата лига да заврши како што почна со 12 екипи. 

Но, од федерацијата забораваат дека кошарка не играат само Прволигашите во машка конкуренција. За дамите ниту збор, а младинските категории и условите за нив, ич не им паѓа на памет.