Ракометната репрезентација на Македонија, ја чека нов настап на Светските првенства.

Репрезентацијата предводена на најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите, Кирил Лазаров, е пред голем предизвик. Целта е јасна, најмалку пласман во втората, главна фаза на првенството.

Селекторот Лазаров не сакаше да калкулира со бројот на победи, откако претседателот на РФМ, Мукаетов истакна дека очекува најмалку три.

Иако Лазаров има подмладен состав, тој одлично ги познава неговите избраници. Впрочем најголемиот дел од нив (12-мина) во репрезентацијата доаѓаат од неговата екипа Алкалоид.

Тука се и тројцата стандардни долгогодишни репрезентативци од битолски Еурофарм Пелистер, надополнети со браќата Атанасиевиќ и Костески. Од редовите на Вардар доаѓаат двајца ракометари, пивотменот Лазаревски и десниот бек Јагуриновски.

Ова се „јунаците“ кои ќе ги бранат боите на Македонија на Светското првенство.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰 ЗА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🇲🇰🇲🇰