Вториот дел од одбојкарската сезона во Македонија ќе продолжи со бараж натпреварите од Купот во женска конкуренција.
Според пропозициите, екипите кои есенскиот дел од првенството го завршија на последните четири места во Втората женска лига ќе се соочат во баражот. Куманово ќе игра со Македонија Макс, додека Универзитет во Тетово со Виктори Волеј. Се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобро пласираната екипа на табелата, а натпреварите се закажани за 29 јануари.
Победниците од овие два дуели ќе се соочат меѓусебно на 5 февруари. Подобриот тој натпревар ќе обезбеди пласман во осминафиналето.
Директен пласман во таму имаат обезбедено прволигашите: Јанта Волеј КВ, Работнички Скопје, Наковски Волеј, Фит Фан Волеј, Вардар ЕМ, Младост УГД, Струмица жени, Ускана Волеј. Меѓу шеснаесетте најдобар се и второлигашите: Газели Волеј, Пелистер Волеј, Бами Кор, Фламинго Волеј, Јанта Волеј БУТ, Вардар жени и Форца Волеј ЕМА.
Во машка конкуренција натпреварувањето во Купот со претколо.
Во него ќе разигруваат екипите кои се во првенството се пласмани од 4 до 13 место на табелата. Двојките ги сочинуваат: Шкендија – Јанта Волеј, Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип, Работнички 71&22 – Сушево, Вардар – Скопје и Лирија – Македонија Џио.
Противниците ќе играат во еден добиен натпревар на терен на подобро пласираната екипа, и тоа на 12 февруари.
Победниците од овие средби продолжуваат во четвртфиналето. Директен пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Струмица, бранителот на титулата Штип УГД и Борец.