Од синоќешните натпревари во НБА лигата, ги издвојуваме тесните победите на Бостон и Јута, односно поразот на Кливленд.
Шампионот Бостон, игра топло-ладно, а синоќа едвај победи против еден од најлошите тимови во лигата, Њу Орлеанс. Селтикс славеа со 120:119 за седма победа во последните 13 натпревари. Гостите дури имаа и шанса за победа, но обидот на Мекалум заврши непрецизно
Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 38 поени и 11 скока, Кристапс Порзингис додаде 19 поени и 11 скока.
Уште понеизвесно беше на дуелот Јута – Бруклин кој домаќинот го доби по продолжение. Иако Џезерите во последните 3.минути влегоа со +13, гостите со серија 17-4 се изборија за израмнување и продолжение. А, во него повеќе нерви имаа домашните кошаркари, па на крајот заслужено славеа со 112:111.
Индијана ја прекина серијата од 12 победи на најдобриот тим во лигата Кливленд. Кавалирс ззагубија дома од Пејсерс со 93:118. Тоа беше само петтиот пораз сезонава за Кливленд, прв по 8 декември минатата година.
Ендрју Нембхард ги предводеше Пејсерси со 19 поени, Паскал Сијакам постигна 18 поени и собра девет скока. Кај Кавалирс најдобар беше Дариус Гарланд со 20 поени, еден повеќе од Донован Мичел.
Кливленд шанса за реванш ќе има за два дена кога ќе гостува во Индијанаполис.
Затоа пак, најдобриот тим на западот, Оклахома Сити кој гостуваше кај најлошиот тим на истокот Вашингтон, забележа рутинска победа од 95:136.
Шаи Гилгеус-Александер со 27 поени и седум скока беше прв стрелец во победничката екипа, за која Арон Вигинс додаде 23 поени и девет скока.
а шанса за реванш ќе имаат за два дена кога ќе играат во Индијанаполис.