Дербито од 13,.коло во Првата кошаркарска лига му припадна на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Во натпреварот одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ аеродромци го совладаа битолски Пелистер со 20 поени разлика (72-62).

Првиот дел им припадна на аеродромци убедливо со 15 поени разлика. Во првата четвртина гостите постига само седум поени, па периодот го завршија со заостанување од 13 поени. И во вториот домашниот тим го доби со два разлика, па на пауза МЗТ замина со позитива од 39-24.

Во третиот квартал гостите одиграа многу подобро, но намачија само три од негативата. Аеродромци со квалитетната игра во одбраната во последниот период повторно го сведоа гостинскиот состав на мал број на поени. Пелистер постигна само 15, а прими 20 поени, па МЗТ Славеше со убедливи 82-62.

Андреј Магдевски и Андреј Маслинко кои лани го носеа дресот на Пелистер сега беа одличен тандем во таборот на МЗТ. Магдевски заврши со дабл-дабл со 16 поени и 10 скока на кои додаде пет асистенции, а Маслинко постигна 15 поени, надополнети со 5 скока и 4 асистенции. Прв стрелец во победничката екипа беше Американецот, Евдвин со 18 поени. Неговиот сонародник Антоан и Стаиќ постигнаа по 14 поени за Пелистер.

На претходно денешни натпревари Работнички и Кожув славеа убедливо против Шкупи и Вардар а Кожув минимално поен разлика го победи Куманово.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13 коло
Недела – 12 јануари

МЗТ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 72-62
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 103-68
ВАРДАР – КОЖУВ 77-103
ТИКВЕШ – МКК КУМАНОВО 84-83Р
Сабота – 11 јануари
ТФТ – ГОСТИВАР 77-71
ЧАИР – ФЕНИКС 85-82