Екипата на ТФТ со победа пред своите симпатизери го почна вториот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига.
Во натпреварот од 13.коло, одигран во СЦ „Кале“ во Скопје, ТФТ го победи Гостивар со 77-71.
Во првиот дел домаќините домаќините ги добија двата периоди, па на одмор заминаа со девет поени предност 46-37.
На средината на третиот период ТФТ имаше и најголеми +13 (59-46) кои се покажаа како пресудни. Гостиварци постојано ја бркаа негативата, но не успеаја да ја анулираат.
За ТФТ тоа беше 10-та победа сезонава со која избија сами на 1.место на табелата, во исчекување на утрешното дерби МЗТ Скопје – Пелистер. Двата ривали на ТФТ имаат по една победа помалку, но дербито е неизвесно дали ќе се одигра иако е закажано за утре.
Имено пелистерци, попладнево, најавија дека немаат намера да го играат дуелот доколку во „Јане Сандански“ нема минимални услови за играат.
За вечерва закажан е и дуелот Чаир – Феникс, а покрај дербито, за утре предвидени се уште три натпревари.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13 коло
Сабота – 11 јануари
ТФТ – ГОСТИВАР 77-71
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
Недела – 12 јануари
13.00 РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
17.00 ТИКВЕШ – МКК КУМАНОВО
17.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА: ТФТ 23 бодови (+1), МЗТ Скопје Аеродром 21, Пелистер 21, Кожув 20, МКК Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Гостивар 18 (+1), Феникс 16, Тиквеш 15, Шкупи 15, Вардар 12.