Македонската ракометна репрезентација, ја имаше генералната проба за Светското првенство што стартува за пет дена.
Во вараждинската арена, каде и ќе ги игра натпреварите на Мундијалот, македонските ракометари одиграа квалитетно против Хрватска, но не доволно за изненадување.
Сепак, селекторот Кирил Лазаров е задоволен од прикажаното, пред се борбеноста.
„Задоволен сум од натпреварот, видовме што сакавме во убава атмосфера во Вараждин.
Не сум загрижен за поразот. Мислам дека бевме добри и имаме уште две проверки пред Мундијалот, во Сесвете и со Зеленортските Острови и верувам дека ќе бидеме подготвени за Мундијалот“, изјави Лазаров.
До стартот на шампионатот Македонија ќе имаат уште две контроли, а првенството ќе го почне на 15 јануари против Унгарија.