По речиси три неделната пауза, претстојниот викенд продолжуваат натпреварите Првата машка кошаркарска лига.

Вториот дел од сезоната продолжува со дуелите од 13-тото коло кое го носи и големото дерби меѓу двете најдобри екипи. Ланските финалисти и две првопласирани екипи на табелата МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер својот дуел од оваа рунда ќе го играат во недела (12 јануари).

Во пресрет на дербито вице-првакот Пелистер излезе со соопштение во кое се вели дека нема да игра доколку салата е ладна.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ е само еден од четирите што ќе се играат во недела. Ден порано на програмата се два дуели.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13 КОЛО

Сабота – 11 јануари
17.00 ТФТ СКОПЈЕ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
Недела – 12 јануари
13.00 РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
17.00 ТИКВЕШ – МКК КУМАНОВО
17.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 21, ТФТ 21, Кожув 20, МКК Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Гостивар 17, Феникс 16, Тиквеш 15, Шкупи 15, Вардар 12.