Во пресрет на настапот на машката ракометна репрезентација на Македонија на пристојното Светско првенство, Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров ги искажаа своите очекувања.

Мукаетов посака Македонија да остане најмалку 12 дена во Вараждин, односно да игра во втората рунда на шампионатот. 

„Очекувам да оствариме три победи, најмалку, за мене тоа ќе биде успех.

Верувам дека можеме да го сториме тоа со поддршка на бројната македонска публика која ќе дојде во Вараждин“, изјави Мукаетов.

Запрашан дали се совпаѓаат очекувањата на претседателот со неговите, селекторот Кирил Лазаров одговори. 

„ Можам да кажам дека сум умерен оптимист, знаејќи го нашиот менталитет и квалитет, сметам дека имаме млади и одлични играчи кои допрва ќе го покажат својот квалитет, ракометари кои имаат и карактер.

Јас секогаш сум оптимист, но тоа некогаш е реално, некогаш не реално.

Никого нема да потсетиме, а победите нема да ги броиме. На секој натпревар ќе пристапиме со желба за победа. Против Унгарија и Холандија сме аутсајдери, а против Гвинеја благи фаворити“, изјави селекторот Лазаров.

Македонија ќе игра во групата во Вараждин каде за противници редоследно ќе ги има Унгарија, Холандија и Гвинеја. Само последно пласираната селекција, нема да продолжи во следната фаза.