Синоќа се одиграа осум натпревари во НБА лигата, на кои само два не завршија со двоцифрена победа на екипите.

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар за Денвер кој на домашен терен ја совлада Атланта со 139:120. Србинот оствари нов, 14-ти трипл-дабл сезонава, постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 15 асистенции.

Деветтата последователна победа ја забележаа Њујорк кои во „Медисон Сквер Гарден“ славеше против Јута со 119:103 без настапот на најдобриот стрелец Џејлен Брунсон. Тоа беше петти пораз по ред за Џезерите.

Карл-Ентони Таунс беше одличен со 31 поен и дури 21 скок, Микал Бриџис додаде 27 поени, а Џош Харт го имаше вториот трипл-дабл во низа. Тој синоќа мечот го заврши со 15 поени, 14 скока и 12 асистенции, но и седум загубени топки.

Сакраменто конечно се израдува совладувајќи ја Филаделфија со резултат 113:107. По шест последователни порази Кингси стигнаа до втората последователна победа и ја прекинаа серијата на противникот од четири триумфи.

Де’Арон Фокс ги предводеше „Кралевите“ со 35 поени, Малик Монк додаде 29 поени и шест асистенции. Пол Џорџ постигна 30 поени и собра осум скока и пет асистенции за Сиксерси, кои играа без Џоел Ембиид.

Резултати на останатите натпревари:
Вашингтон – Чикаго 125:107
Детроит – Орландо 105:96
Торонто – Бруклин 130:113
Мајами – Њу Орлеанс 119:108
Хјустон – Далас 110:99

Денвер – Атланта 139:120

Сакраменто – Филаделфија 113:107