Заврши првиот (есенски’ дел од сезоната во Втората машка кошаркарска лига. Со трите денешни одиграни натпревари комплетирано е 11-тото коло.

Во дербито, екипата на Маџари го совлада Борец баскет со 81-65. Во првото полувреме гостите од Велес искористија полежерната одбрана на Маџари и постигнаа 41 поен, еден повеќе од противникот. Затоа пак во вториот дел Маџари одигра одбрана на високо ниво. Честопати го принудуваше Велес на бројни грешки и изнудени шутеви од неизградена позиција. Тоа резултираше со само 24 примени поени и заслужен триумф.

Очекувана победа оствари и екипата на Ангели кој го надигра прилепски Мега баскет, па сега со ист број на победи се на делба на првото место со штипските Соколи. Тие два тима имаат по една победа повеќе од Маџари, Борец и Црн Дрим. По нив следува група од четири екипи кои заостануваат, но и тоа најавува одличен втор дел од сезоната.

Следува пауза се до 25/26 јануари 2025-та.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО

одиграно денеска
МАЏАРИ – БОРЕЦ 81-65
АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ 93-60
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 87-57
одиграно вчера
СОКОЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 98-75
ОХРИД – ЦРН ДРИМ 91-93
СТРУМИЦА ФМП – БУТЕЛ 71-78

ТАБЕЛА: Ангели 20 бодови, Соколи 20, Маџари 19, Борец баскет 19, Црн Дрим 19, Охрид 16, Мега баскет 16, Бутел 16, МЗТ Скопје У.Б. 16, Работнички 2018 13, Партизан Водно Санс 12 и Струмица ФМП 12.