Женската Супер лига продолжува со натпревари од 2.коло на плеј-офот, кои носат многу неизвесност и борба за бодови. Овој викенд ќе се одиграат два дерби натпревари.

Ова коло екипата на Ѓорче Петров ќе има лесна задача тие денес ќе го пречекаат тимот на Астибо. Натпреварот е закажан со почеток од 12:00 часот и ќе се одигра во салата ,,Христо Батанџиев”.

Првиот дерби натпревар ќе го одиграат Вардар и Металург Автокоманда. Натпреварот ќе започне во 12:30 часот, а ќе се одржи во салата „Македонско Сонце“. Оваа пресметка ветува возбудлива борба, бидејќи двата тима ќе се борат за значајни бодови во плеј-офот.

Утре ќе се одигра второто дерби од ова коло помеѓу Чаир и Куманово. Екипата на Чаир ќе биде домаќин и ќе го пречека Куманово во натпревар закажан со почеток во 17:00 часот. Ова дерби ветува голема борба, бидејќи двете екипи се во потрага по важни бодови во плеј-офот.

ТАБЕЛА: ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 3 бодови, МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 3, ВАРДАР 1, КУМАНОВО 1, ЧАИР 1 и
АСТИБО 0.

Сите натпревари може да го гледате во живо овде.

Ивона Кимовска