со натпреварот во Куманово денеска стартува тридневната програма од последното есенско коло во Првата машка кошаркарска лига.
Тимот на МКК Куманово кој ја игра својата прва сезона во оваа конкуренција го пречекува составот на Вардар.
Кумановци предвидени од поразениот македонски селектор Марин Докузовски се вистинско изненадување. Тие досега оставија шест победи и играат се подобро од натпревар во натпревар. Вардарци пак со младиот состав досега се немаат израдувани на триумф, а ќе биде тешко тоа да го сторат и денеска.
Денешниот дуел меѓу МКК Куманово и Вардар ќе почне до 13 часот.
Останатите пет натпревари од ова 11-то коло ќе се играат во текот на викендот. Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Петок
13.00 МКК КУМАНОВО – ВАРДАР
Сабота
12.00 ПЕЛИСТЕР – ТФТ
17.00 КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ
Недела
17.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ФЕНИКС – ШКУПИ