Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со победа го заврши настапот во АБА2 лигата.

Аеродромци вечерва во „Јане Сандански„ го совладаа тимот на Цедевита јуниор од Хрватска со 87-82.

Интересен натпревар одиграа овие екипи кој за МЗТ немаше резултатско значење, а на хрватската екипа ми носеше прво место.

Победникот беше решаван во самата завршница односно последните две минути во кој се влезе со нерешени 71-71. Благодарение на осумте поени на Војдан Стојановски, од кои две тројки, МЗТ Стигна до триумфот.

Војдан натпреварот го заврши со 17 поени колку на спротивната страна имаа Рашиќ и Саре.

Со три победи и исто толку порази МЗТ на крајот заврши како трет во А групата, зад Хелиос Домжале и Цедевита кои имаа бод повеќе.