Највисокиот орган на Кошаркарската федерација на Макеоднија (МКФ), Собранието, денеска ќе се собере во Скопје.
Во хотелот „Александар Палас“ точно на пладне (12 часот) ќе се одржи редовната годишна седница. Иако на дневниот ред нема точка за гласање на „доверба на претседателот“, сепак тоа реално треба да се очекува.
Перо Антиќ го одработува својот втор мандат и грчевито се бори да остане во фотељата. Тоа е повеќе од јасно во изминатиот период особено последните два-три дена, по низата на соопштенија.
Клубовите веќе долг период се незадоволни од работата на федерацијата предводена од Антиќ, но многумина од нив, барем до сега, тоа јавно не го искажуваа.
Сега Антиќ и неговите соработници (читај, роднини и пријатели) се пред сериозен испит, ќе продолжат ли со своето владеење или заминуваат од Куќата на кошарката.