Футсал репрезентацијата на Македонија одигра само „реми“ против Андора во квалификациите за ЕП 2026 година.

Во натпревар од 2.коло на квалификациската група 7, Македонија и Андора, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ одиграа 1-1.

Иако доминираа создадоа бројни шанси, а неколкупати ја погодија и стативата од голот на противникот. македонските футсалци постигнаа само еден гол.

Во 34.минута Петровиќ погоди за 1-0, но само шеесетина секунди подоцна Сегура израмнат на 1:1.

Квалификациите македонските футсалци ќе ги продолжат со двомечот против актуелниот европски првак Португалија. Првиот натпревар ќе се игра на 31 јануари во Скопје, а реваншот на гости е на 3 февруари 2025-та.