Кошаркарите на ТФТ ја продолжуваат својата „рапсодија“ во Првата македонска лига. Тимот од Тафталиџе ја оствари и деветтата победа, откако во дуел од 10.коло го совлада Тиквеш со 90-84.
Тимот на ТФТ, кој играше пред домашните навивачи, беше подобар во првите три периоди. Имаше домаќинот многупати двоцифрена предност (најголемата +12). Сепак се доведе во ситуација на крајот да стрепти за победата. Во самиот финиш гостите дојдоа до два негатива, но не успеаја да ја анулираат. На крајот ТФТ заслужено славеше со конечни 90-86.
По четворица кошаркари во двата тима натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Најрасположени беа гостинските играчи Григориевиќ со 22 и Квери со 21, но тоа беше бадијала, бидејќи Тиквеш го претрпе седмиот пораз.
Во победничката екипа прв стрелец беше Гафни со 18, а Зафиров постигна два помалку (16).
ТФТ е сам на врвот на табелата со победа повеќе од МЗТ Скопје и Пелистер кои денеска исто така славеа победи. На 4.место со победа помалку од ТФТ е Чаир кјој утре ќе го одигра својот натпревар против МКК Куманово.
Денешната програма пак ќе ја заокружат Работнички и Гостивар со натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ТФТ – ТИКВЕШ 90-86
МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС 92-63
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59-90
ШКУПИ – КОЖУВ 68-81
20:00 РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Недела
19:00 ЧАИР – МКК КУМАНОВО